1. Јавете се на телефонскиот број 046 279 200 или на мобилен тел. 072 703 543, напишете е-маил на
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
и закажете состанок. За контакт можете исто така да го искористите формуларот
овде. За време на состанокот ќе се запознаеме со дејноста на Вашата фирма, ќе одредиме која е целната група за интернет страницата, какви цели треба да реализира понуденото решение, степен на комплицираност на проектот и структурата на содржините кои ќе ги опфаќа.
2. Составување на понуда: врз основа на информациите за Вашата фирма ќе Ви подготвиме понуда за интернет страница врз основа на вашите барања.
3. Предлог решение. Ако ја прифатите понудата, во текот од 3-7 работни дена ќе подготвиме графички дизајн за нашето решение за Вас. Предлогот опфаќа изглед на почетната страница, со графика, навигација и документ кој ќе ја содржи структурата на сајтот.
4. Склучување на договор за нашите услуги.
5. Го реализираме проектот во рокот од 7-40 работни дена во зависност од тоа колку ќе биде комплициран и кои се технологии треба да се имплементираат во него. Ја оптимизираме интернет страницата во однос на пребарувачите и ја тестираме. Кога проектот ќе биде готов, го поставуваме крајното решение на Интернет.