|
Во современиот свет најважните медиуми за реклама станаа различни интернет решенија. Затоа фирмата Џордано со вработување на нов, искусен кадар од 2008 година ја прошири дејноста во областа на проектирање на web решенија со различни технологии. Нашето искуство, креативноста и вештина за квалитетно искористување на новите технологии им дозволува на клиентите ефективно да ги реализираат нивните маркетиншки цели. Секоја нова технологија не е корисна без нејзината креативна употреба а креативноста без поддршка на соодветна технологија не претставува вредност сама по себе. Нашата задача е успешна комбинација од овие два чинители, со цел решението да му отвори на клиентот врати кон новите корисници и пазари и да ги задоволи постоечките корисници. Приоритет на нашата дејност е индивидуален пристап кон секој клиент и прилагодување на понудата кон неговите потреби и потребите на барањата на современиот интернет пазар кои стално се менуваат. На нашите клиенти им нудиме не само конкретно решение ама исто така и трајно партнерство во развој на проектираната бизнис алатка. Во областа на нашата дејност спаѓаат: - Изработка на нови web страници и модернизирање на постоечките - Изработка на on – line продавници - Изработка на web страници за туристички агенции и агенции кои работат со недвижности - Изработка на мултимедијални презентации на CD и DVD - Одржување на страниците и техничка поддршка, ажурирање - Обуки во областа на администрација на страниците и електронски продавници - Хостинг, регистрирање на домени во вид на www.vasafirma.com.mk и регистрирање на e-mail адреси - Консaлтинг во областа на подготовка на графички и текстуални содржини за интернет страници и мултимедијални презентации - Превод на содржините на англиски, српски, чешки и полски јазик
|